Две лица нападнале кумановец вработен како обезбедување

Сподели со своите пријатели

Две лица од село Сопот се товарат дека физички нападнале вработен во приватно обезбедување.

Loading...

– На 15.08.2020 во 06.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.Х.(56) и Х.Х.(19), двајцата од с.Сопот, поради тоа што физички го нападнале Д.М.(33) од Куманово, вработен во приватно обезбедување, додека извршувал службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply