Две лица на ГП Табановце се фатени со фалсификувани патни исправи

Сподели со своите пријатели

Регионалниот Центар за граничниот премин Север поднесе кривична пријава против албански државјанин С.Л.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот на 23 декември во 18.45 часот на ГП Табановце при пасошка контрола, приложил фалсификувана албанска патна исправа во која извршил промена на две страни на кои имало забрана за патување во земјите од ЕУ.

РЦ за ГР Север поднесе кривична пријава и против албанскиот државјанин П.К. (38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавениот на 12 декември на  ГП Табановце при пасошка контрола приложил фалсификувана албанска патна исправа во која извршил промена на една страна на која имало забрана за патување во земјите од ЕУ.

Од страна на судија од претходна постапка му е изречена казна затвор во траење од три месеци со изречена алтернативна мерка условна осуда од две години и протерување на странец од земјата со забрана за влез од пет години.