Две интервенции на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари бележат две интервенции во текот на изминатите 24 часа, на запалена сува трева и запален смет.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била на опожарена сува трева во атарот на селото Четирце.

Во период од 14:15 до 15:00 часот, било интервенирано со едно противпожарно возило и 3 пожарникари. Причината за избувнување е непозната.

Втора интервенција била на улицата „Борис Кидриќ“ на опожарен контејнер за смет.  Интервенирале тројца пожарникари во период од 17:10 до 17:45 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply