Две интервенции на кумановските пожарникари изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат две интервенции на запален оџак од семејни куќи.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во првата интервенција станува збор за опожарен оџак на семејна куќа на улицата „Божидар Мицковиќ“. Во период од 21:50 до 22:30 часот завчера интервенирале тројца пожарникари.

Вчера исто така бил опожарен оџак на семеен дом лоциран на улицата „Никола Тесла“. Тројца пожарникари интервенирале таму во период од 17:20 до 17:50 часот.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply