Две групи мигранти се тепале во Ваксинце, има и повредени

Сподели со своите пријатели

Две групи мигранти физички се пресметувале во липковско Ваксинце, при што две лица биле и повредени.

Loading...

– На 14.04.2021 во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Полициски службеници излегле на местото и затекнале две лица со повреди од остар и тврд предмет, кои немале документи за идентификација и се претставиле дека се М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply