Две големи авиокомпании меѓу првите тестираат Ковид-пасош

Сподели со своите пријатели

„Емирати“ и „Етихад“ најавија дека ќе ја тестираат апликацијата за проверка на ПЦР-тестовите на патниците или нивниот статус на вакцинација поради коронавирус.

Loading...

Двете компании од Обединетите Арапски Емирати во одделни соопштенија наведоа дека, во партнерство со Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, тие ќе бидат „меѓу првите авиокомпании“ што ќе го тестираат патниот премин, пренесува Гардијан.

Мобилната апликација ќе им овозможи на патниците да добијат „дигитален пасош“ со кој пред патувањето ќе можат да проверат дали нивниот тест или вакцинација ги исполнува барањата на дестинацијата.

Leave a Reply