Две цркви ограбени во Ранковце

Сподели со своите пријатели

Непознати сторители ограбиле две цркви на подрачјето на Општина Ранковце изминатите два дена.

Loading...

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ во селото Ранковце. Како што информираат од кумановската полиција, сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел пари.

Исто така, било пријавено дека во периодот од 10:00 часот на 15.03.2019 година од 11:00 часот следниот ден, непознат сторител извршил тешка гражба во црквата „Св. Параскева“ во селото Радибуш. Сторителот со употреба на сила влегол и исто така одзел пари.

Полицијата од Полициско одделение Ранковце презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случаите.

Leave a Reply