Двата последователни земјотреси од вчеравечер биле афтер шокови

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 19:43 минути граѓаните на Скопје, но и Куманово повторно почувствуваат земјотрес со посилен интензитет.

Првиот бил послаб со магнитуда од 2,4 степени, но вторио со 4 степени според Рихтеровата скала. Први Европската сеизмолошка станица објави дека неговата јачина изнесува 4,7, но подоцна истата беше намалена. Епицаентарот се наоѓа на 10 километри длабочина, во источниот дел од скопското епицентрално подрачје.

Вчера беа регистрирани вкупно 4 земјотреси, од кои со магнитуда од 2,3 во 11:50 часот и со магнитуда од 3,7 во 14:19 часот, а според експертите станува збор за афтер шокови како реакција на оној посилен земјотрес од 5,3 степени кој на 11 септември го стресе Скопје, а беше почувствуван во целатра држава, но и регионот.

 

Loading...