Двајца приведени на граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица вчера се лишени од собода на граничниот премин Табановце, од нив еден е државјанин на Србија, а другиот е жител на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 02.45 часот на Граничен премин „Табановце“, од страна на полициски службеници од слобода е лишено лицето Д.Р. (43) од Република Србија затоа што е утврдено дека се наоѓа на СТОП-Листа.

Во 04.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го превзеле и предале лицето во Основен Суд Куманово, каде му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Во 09.55 часот на Граничен премин „Табановце“, од страна на полициски службеници од слобода е лишено лицето Б.А. (20) од Скопје затоа што се наоѓа на СТОП- Листа за издржување казна затвор во траење од една година и осум месеци.

Во 11.55 часот, со потврда за предавање на лице, лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.