Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово – Пелинце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 04,10 часот на регионален пат Куманово – Граничен премин Пелинце, се случила сообраќајна незгода во која Д.Д.(30) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило “Југо Скала“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола на управување над возилото и со истото слетал од левата страна надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, Д.Д. и сопатникот М.М.(31) од Скопје, со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово, каде кај М.М. биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Д.Д, карактерот на повредите дополнително ќе бидат утврдени.

Повредените лица се задржани на понатамошно лекување.