Двајца новозаболени и 6 излекувани во Куманово изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Повторно расте бројот на заболени, 33 нови случаи се регистрирани во државата, од кои два во Куманово, добра вест е што расте и бројот на излекувани од коронавирусот.

Loading...

Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.

 

– Скопје 2

– Куманово 6

– Штип 3

– Прилеп 7

– Тетово 1

Loading...

– Струга 1

– Кочани 2

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД -19.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Leave a Reply