Двајца малолетници повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две малолетни лица биле повредени, од кои еден потешко, во сообраќајка што вчера доцна попладне се случила во Куманово.

Loading...

– На 15.04.2022 околу 18,30 часот е пријавено дека во Куманово, на бул.„3-та Македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.Ќ.(19) од Куманово, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознака, управуван од 17 годишник од село Биљановце, кумановско и паркирани патничко возила „БМВ“ „Ауди“ и „Сеат“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, возачот  на моторциклот и неговиот 15-годишен сопатник биле пренесени во Ургентен Центар – Куманово каде од доктор кај сопатникот е констатирана повреда, а кај возачот е констатирана тешка телесна повреда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Куманово.

Никола Ивановски