Двајца Македонци ќе учествуваат во новата сезона на „X Factor Bulgaria“

Сподели со своите пријатели

Еден од најпопуларните и најуспешните музички проекти од светски рамки, „X Factor“ за десетина дена започнува да се емитува во соседна Бугарија. Во оваа сезона, петта по ред, ќе се појават и двајца Македонци.  Стојанчо Бучков (23) од Гевгелија и Марио Арангеловски (21) од Куманово.

Предвидените етапи за снимање на оваа шоу, пред почетокот на големите концерти, се веќе при крајот. Пласманот на учесниците од Македонија сеуште не е познат за медиумите и јавноста, но, се надеваме дека барем еден од нив ќе успее да се пласира во најдобрите 12 што подоцна ќе настапат на големите концерти.

Новата сезона од Бугарскиот формат на „X Factor“ започнува на 10ти септември во 19 часот на националната Бугарска телевизија НОВА.

Ниту една Македонска телевизија нема да го емитува оваа музичко шоу, но, македонската публика своите кандидати ќе може да ги следи и поддржува преку онлајн линкови за пренос во живо кои наскоро ќе бидат објавени.

Продукциската куќа која стои зад овој проект ветува одлична забава и смета дека оваа ќе биде највозбудливата и најгледаната сезона до сега.