Двајца кумановци претепале сограѓани, поднесени кривични до ОЈО

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.Ј. (22) и И.М. (25), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информираат од кумановската полиција на 23.06.2018 година околу 15.30 часот во Куманово, пријавените физички ги нападнале Н.К. и И.А. од Куманово. Н.К. и И.А. кои со патничко возило „Матиз“ со кумановски регистарски ознаки се движеле по ул. „Железничка“ и биле следени од патничко возило „Сеат Алхамбра“ со кумановски регистарски ознаки, во кое се наоѓале пријавените.

Пријавените неколку пати им дале знак да застанат, по што на крстосницата од улиците „Железничка“ и „Индустриска“ застанале. Од возилото „Сеат Алхамбра“ веднаш излегле Е.Ј. и И.М. и со тврд предмет физички го нападнале И.А и му нанеле тешка телесна повреда.

Н.К. влегол во возилото „Матиз“ и успеал да избега. По некое време се вратил и го однел И.А во болницата во Куманово.

Leave a Reply