Двајца кумановци повредени во сообраќајка во Охрид

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна незгода што вчера се случила во Охрид.

Loading...

– На 05.08.2020 во 11.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу с.Издеглавје и с.Песочани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(34) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.Ќ.(51) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во незгодата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а Х.В.(23) од Куманово, сопатник во возилото „опел корса“, М.С.Ќ. и уште двајца малолетни сопатници од возилото „фолксваген пасат“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата “Св.Еразмо“ Охрид и Општата болница Охрид, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Никола Ивановски

Leave a Reply