Два пати го победила ракот: Сега се одолжува на болницата која и помогнала да преживее (фото)

Сподели со своите пријатели

Монтана Браун (24) е девојка која два пати го победила ракот. Неодамна се пофали дека започнала да работи како педијатриска сестра во болницата во која се лекувала во Атланта, Џорџија.

Нејзе прв пат и бил дијагностициран рак кога имала само две години и повторно кога имала 15. По првиот работен ден, Монтана споредлила со семејството и пријателите на социјалните мрежи колку е возбудена.

Таа објаснува колку е среќа што секој пат кога ќе погледне на логото на мајцата го гледа името на болницата за која работи.

Свештеникот кој 20 години го проучувал Алое Вера тврди дека ракот е излечлив, а ова е рецептот!

Loading...

– Ниту за милион години не би помислила дека во 24 година ќе постигнам и ќе го достигнам мојот најголем сон, да работам во болницата во која сум се лекувала како бебе и како тинејџерка, вели таа.

Монтана прв пат била во болница кога имала 17 месеци и се лекувала година дена. И бил дијагностициран рабдомиосарком, малиген тумор на мекото ткиво.  Кога завршила прва година средно училиште, туморот се вратил и морала да паузира година дена. Но, преживеала и сега според сопственото признавање не може да биде посреќа.