Два германски града идеални за посета по пандемија

Сподели со своите пријатели

Патувањето е нешто што ни овозможува да ги прошириме нашите хоризонти. Затоа едвај чекаме оваа година да падне во заборав и повторно да започнеме да го истражуваме светот.

Loading...

Запознавањето на нови места, луѓе, нивната култура, како и обичаите создава непроценливи искуства кои, навистина, ја збогатуваат секоја личност.

Се надеваме дека 2021 година ќе донесе подобри денови, додека се сеќаваме на нашите омилени дестинации, но исто така истражуваме нови преку интернет.

 

 

Една од дестинациите на кои секогаш сме среќни да се вратиме и која навистина вреди да се истражува е Германија.

Нејзините 16 федерални провинции, со прекрасни предели, нивната традиција и регионални обележја, кријат многу изненадувања.

Loading...

Прекрасната германска престолнина Берлин е дестинација во која повторно и повторно ќе се враќате, исто како Хамбург, поморскиот центар на северот на земјата.

Исто така, тука се секогаш прекрасните Келн и Минхен, но и многу други, помалку познати градови во кои ќе се заљубите.

 

 

Франкфурт

Првото нешто што веројатно ќе ви падне на ум кога ќе помислите на Франкфурт е неговиот аеродром, еден од најголемите и најпрометните во Европа.

Поради тоа, овој град честопати е само минливо место за многумина, но тој е многу повеќе од тоа.

Loading...

 

 

Со своето целосно име – „Frankfurt am Main“, тој е најголемиот град во државата Хесен и петти по големина град во Германија.

Оваа модерна метропола е дом на третиот по големина аеродром во Европа, како и бројни светски компании. Тука има и банкарски центар, во кој се сместени берзата во Франкфурт и седиштето на Европската централна банка.

Франкфурт е препознатлив по своите високи облакодери, па затоа е наречен Европски Менхетен, или, како што велат – „Мајнхетен“.

 

Loading...

 

Но, освен модерните, стаклени облакодери, Франкфурт е град со богата историја и традиција, со разновидна културна понуда.

Дрезден

Иако се вели дека многу градови се градови на културата, кога се зборува за Дрезден, тоа не е претерување, пишува Аваз.

 

Loading...

 

Овој источногермански град, сместен на волшебната река Елба, ќе ве плени на прв поглед со својата убавина и модерен начин на живот.

Многу туристи доаѓаат во Дрезден поради прекрасниот божиќен саем Стризелмаркт, инаку најстариот Божиќен саем во Германија.

Оваа година не се одржа поради моменталната состојба, но се надеваме дека следната година ќе блесне во полн сјај.

Иако беше најбомбардираниот град во Европа за време на Втората светска војна, голем дел од стариот град на Дрезден е реконструиран и обновен, така што тука ќе видите прекрасни историски и културни споменици и градби.

Loading...

 

 

Најпознати меѓу нив се Оперската куќа Семперопер, протестантската црква на Богородица, палатата Цвингер, како и Кралската палата.

Ова се само некои од прекрасните згради што вреди да се видат и посетат, вклучувајќи го и замокот Дрезден од 15 век.

Loading...

Leave a Reply