Два физички напади вчера во Куманово за помалку од четири часа

Сподели со своите пријатели

Два физички напади се случиле во текот на вчерашниот ден во Куманово во рок од помалку од четири часа.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, жртва на првиот напад е педесетгодишен кумановец.

– На 21.10.2021 година во 12.30 часот во СВР Куманово, Б.Б.(50) од Куманово пријавил дека на улица „Доне Божинов“ бил физички нападнат од едно лице, велат од полицијата.

Во вториот случај, нападнато било лице на 38-годишна возраст кое било жител на Скопје.

– Во 16.45 часот во СВР Куманово, Л.П.(38) од Скопје пријавил дека на улица „Ленинова“ во Куманово бил физички нападнат од едно лице, стои во соопштението.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово појаснуваат дека се работи на целосно расчистување на случаите.

Никола Ивановски