Дури и бавното возење може да биде опасно: Предизвикува метеж во сообраќајот, фрустрација и опасни престигнувања

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои возат под ограничувањето на брзината, исто така придонесуваат за опасни сообраќајки. Истражувањето спроведено од норвешкиот Генсидиџ покажува дека 69% од испитаниците доживеале опасни ситуации поради ваквите возачи.

Loading...

Возачите кои возат премногу брзо со причина се под лупа затоа што таквото возење е опасно. Не почитувајќи ги ограничувањата на брзината, тие го загрозуваат сопствениот и животот на другите луѓе – и се казнуваат. Но, не само таквите возачи создаваат опасни ситуации во сообраќајот, бидејќи бавното возење, далеку под ограничената брзина, може да доведе до дообраќајна незгода.

 

 

 

Таквите возачи ризикуваат непотребни фрустрации и опасни престигнувања. Во новото истражување спроведено од „Ипсос“ за норвешката осигурителна компанија „Џенсидиге“, ​​дури 69 проценти од возачите велат дека доживеале опасни ситуации со возачи кои возат под ограничувањето на брзината.

Во исто време, скоро исто толку (66 проценти) велат дека ваквото однесување често ги иритира често или повремено. Помладите возачи се вознемируваат почесто од малку постарите, а мажите доживеале поопасни ситуации и се малку повеќе вознемирени во сообраќајот од жените.

Loading...

„Многу луѓе кои создаваат долги редови со своето бавно возење можеби не се свесни за ризиците што ги носат, како што е сериозната сообраќајна несреќа“, вели Арне Вол од Генсидиџ.

Leave a Reply