ДУИ ги објави имињата на своите нови министри

Сподели со своите пријатели

Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети ги објави имињата на новите министри кои ќе седнат во Владата на Република Македонија на местото на досегашните кои пред неколку дена ја напуштија оваа институција и си поднесоа оставки.

На листата се:

1. Фестим Халили: Министер без ресор (Заменик на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања)
2. Арбер Адеми: Министер без ресор (Заменик на Претседателот на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот Договор)
3. Валдет Џафери: Министер во Минстерство за Правда
4. Пиштар Лутфиу: Министер во Минстерство за Образование и Наука
5. Дритон Кучи: Министер во Минстерство за Економија
6. Башким Ахмети: Министер во Минстерство за Животна Средина и Просторно Планирање
7. Шухрете Елези: Министер во Минстерство за Локална Самоуправа
8. Арлинд Зеќири: Министер без ресор (задолжен за странски инвестиции)
9. Беким Максути: Заменик на Министер во Министерство за Одбрана.
10. Агим Нухиу: Заменик на Министер во Министерство за Внатрешни Работи
11. Фатон Положани: Заменик на Министер во Министерство за Транспорт и Врски
12. Гзим Беадини: Заменик на Министер во Министерство за Финансии

Инаку смената на министрите следува во предвечерието на распуштањето на Владата пред предвремените избори, а аналитичарите велат дека таквиот чекор е преземен затоа што во меѓувреме на социјалните мрежи излегоа договори на високи функционери на ДУИ вмешани во нерегуларности. За да не одат на избори со веќе „оцрнети“ имиња партијата се одлучи за смена на министрите.