Државјанин на Албанија со туѓа патна исправа приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце доцна вчеравечер бил приевден државјанин на Албанија кој се обидел да ја премина границата со туѓа патна исправа.

Loading...

– На 06.06.2021 во 23.45 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле E.М.(33) од Република Албанија бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил патна исправа на друго лице од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply