Државјанин на Албанија приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен државјанин на Албанија, вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 23.09.2020 во 12.45 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Д.С.(35) од Р.Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека една страница од албанската патна исправ недостасува, а на нејзино место била вметната страница од друга патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Д.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply