Државјани на Романија приведени на Табановце за кражба на злато

Сподели со своите пријатели

Четири лица државјани на Романија вчера околу 20 часот биле приведени на граничниот премин Табановце, откако се обдиеле да ја напуштат државата, а биле барани за кжраба на златара во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено лицата се приведени под  сомнение дека извршиле кражба на златара во Охрид, а станува збор за лицата со иницијали М.Ц., Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67), сите од Романија.

При преглед кај Л.А. пронајдени биле три златни ланчиња, додека при претрес  на нивното патничко моторно возило марка „Форд“ со германска регистарска ознака пронајден бил и останатиот златен накит.

Во 21.30 часот со потврда за предавање, лицата и предметите биле предадени на инспектори од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.