Државјани на Египет повредени во сообраќајка на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15,30 часот било пријавено дека на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово во насока кон Куманово патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, а живее во Холандија излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот и уште четворица сопатници од неговото возило биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување на лекарска помош и од страна на лекар им биле констатирани повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply