ДРЖАВЕН УДАР ВО СУДАН: Уапсени политичарите, прмиерот во домашен притвор

Сподели со своите пријатели

Суданските воени сили уапсија неколку цивилни функционери на таа земја пред зори, јави телевизијата Ал Хадат.

Loading...

Воените сили упаднале во куќата на советникот за медиуми на суданскиот премиер Абдала Хамдок и го уапсиле, изјавија неименувани извори за Ројтерс и Танјуг.

Интернетот во Картум, главниот град на Судан, се чини дека е прекинат, наведува британската агенција, повикувајќи се на очевидци.

Телевизијата Ал Хадат, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека премиерот Хамдок е ставен во домашен притвор, откако неидентификувани воени сили ја опколиле неговата куќа рано утринава.

Се вели дека истите сили уапсиле четворица министри, еден цивилен член на владејачкиот Суверен совет и неколку државни гувернери и шефови на политички партии.

Судан е на работ на граѓанска војна по неуспешниот пуч минатиот месец, кој повторно покрена обвинувања меѓу војската и цивилните групи кои требаше да ја поделат власта по соборувањето на поранешниот лидер Омар ал-Башир во 2019 година.

Башир беше соборен и затворен по неколкумесечни улични протести, а политичката транзиција договорена по неговото соборување требаше да доведе до избори до крајот на 2023 година.

Како што ескалираа тензиите овој месец, коалицијата на бунтовнички групи и политички партии се приклучи на армијата, а поддржувачите на армијата организираа акција пред претседателската палата повикувајќи на распуштање на цивилната влада.

Loading...

Во исто време, неколку владини министри учествуваа на големи протести минатата недела во неколку делови на Картум и други градови против можното воено преземање.