Државата дава под закуп земјиште во Куманово за рибници, насади и развивање рурален туризам

Сподели со своите пријатели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска распишаа три јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Loading...

Понудена е вкупна површина од 7.590 хектари во Куманово, Велес, Прилеп, Струмица и Свети Николе, Валандово, Гевгелија и Кавадарци, а право на учество имаат домашни физички и правни лица, како и странски правни лица.

На Јавниот оглас бр. 06/15, се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост во Куманово наменето за:

– подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;
– подигање на долгогодишни насади со лешник за период од 70 години;
– одгледување на други земјоделски култури (ароматични и лековите билки) за период од 15 години.

Во Јавниот оглас бр. 07/15 повторно е понудено земјиште во Куманово кое се дава во закуп со овој јавен оглас е за:

– подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години;
– подигање на маслинарници за период до 50 години;
– подигање на насади со лешник за период од 70 години;
– одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години;
– одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска височина над 700 метри, за период до 30 години;
– ливади за период до 15 години;
– рибници до 20 години и
– спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Подетални информации за јавниот оглас може да се добијат во регионалните канцеларии на Министерството за земјоделство или на веб страна.

 

Loading...