Држава во која нема картички и банкомати, а се гледа само една телевизија

Сподели со своите пријатели

Еритреја е земја во источниот дел на Африка на брегот на Црвеното Море. Се граничи со Судан на северозапад, Етиопија на југ и Џибути на југоисток. Еритреја обично се опишува како една од најрепресивните земји во Африка, како место каде на луѓето им недостасува слобода, пренесува Би-Би-Си.

Loading...

Ова не е толку изненадувачка информација со оглед дека станува збор за еднопартиска држава управувана од претседателот Исајас Афеверски.

Еритреја официјално ја стекна својата независност од Етиопија во 1993 година.

Владата ги укина ривалските партии и ги затвори локалните приватни медиуми и критичарите (за некои од нив со години се нема слушнато ништо), додека воените регрутирања им беа наметнати на младите луѓе.

Поради овие причини мнозинството од населението реши да бара среќа надвор од границите на оваа земја. За жал, многумина загинаа обидувајќи се да ја преминат Сахара и Медитеранот за да стигнат до Европа.

Единствената телефонска мрежа е ЕриТел и е во државна сопственост. Услугата што ја обезбедува е исклучително лоша и строго контролирана. Сите оние кои сакаат да ја добијат својата картичка, мора директно да контактираат со државната власт.

Loading...

Image by Silvia De Giovanni from Pixabay

Тие се ретки, а оние што имаат среќа немаат добар сигнал и пристап до интернет. Ова е причината зошто луѓето се потпираат на телефонските говорници.

Луѓето ретко користат интернет преку WI-FI врска, но тој е многу слаб и бавен.

За да ги користат социјалните мрежи, тие мора да вклучуваат приватна виртуелна мрежа (VPN) за да ги заобиколат цензурите наметнати од владата.

Владата го ограничи износот на пари што луѓето можат да ги повлечат од своите сметки. Дури и ако имаат милиони, тие можат да подигнат максимум 330 долари месечно.

Сите парични трансакции се поврзани со банка, бидејќи нема банкомати во земјата.

Loading...
Image by Paul Kral from Pixabay

Ако сакате да купите нов автомобил, треба да повлечете скромна сума пари од вашата сметка секој месец, за да можете да ја соберете потребната сума со текот на времето.

Единствената ситуација што се смета за вонредна е одобрението да се подигнат пари за свадбата.

Во овој случај, од банката се бара да одобрат поголема сума пари за да може да се плати свадбата.

Има само една ТВ станица, тоа е државната телевизија Ери-ТВ. Но, ако успеете да добиете антена, можно е да го фатите сигналот на други ТВ станици како што се Асена ТВ и ЕРИСАТ и Би-Би-Си.

Државата има само една пиварница отворена  во 1993 година и сè уште нема конкуренција. Може да се испие само едно пиво, а секој што сака повеќе треба да донесе еден од своите пријатели.

Image by David Mark from Pixabay

Loading...

„Функционален пасош звучи како остварување на сонот“, е мислењето на сите млади луѓе во оваа земја. Тие очајно сакаат да ја напуштат, но тоа е многу тешко и тоа не им успева на сите.

Граѓаните добиваат валидни пасоши само откако ќе ја завршат својата воена служба. Ним им треба и препорака, и овој процес може да трае со години.

За излегување од земјата е потребна виза, што е тешко да се добие затоа што земјата стравува дека луѓето нема да се вратат во Еритреја.

Поради ова, стапката на илегална емиграција од државата е многу висока, а младите луѓе постојано бараат начини да ја напуштат родната земја во секој случај.

Leave a Reply