Дрога откриена во автомобил на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Т.К.(28) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од министерството, на 14.03.2019 година на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај место викано „Кантонче“, полициски службеници при преглед на патнчко возило, управувано од пријавениот, во кое како сопатник бил еден малолетник, пронашле и одзеле марихуана.

Leave a Reply