Древен египетски саркофаг на изложба во Њујорк

Сподели со своите пријатели

Во Музејот Метрополитен во Њујорк од 20. јули во Одделението за древна египетска уметност ќе биде изложен раскошно украсен позлатен саркофат од првиот век пред новата ера, во рамките на изложбата „Неџеманх и неговиот позлатен саркофаг“, која ќе може да се види до 21. јули 2019. година.

Во соопштението на Метрополитен се наведува дека изложбата ќе опфати уште 70 артефакти од истиот локалитет каде е пронајдено овој исклучително скапоцен саркофаг изработен за свештеник на висока положба во храмот на божеството Херишеф со глава на овен во Хераклеополис.

Изложбата ќе биде поставена да ја осветли улогата на Неџеманх како свештеник, да го опише неговиот погреб, изработката на саркофагот кој е изработен од слоеви ткаенина преклопени да станат многу тврди и да можат да се обликуваат според ликот и телото на покојникот.

Во Египет пронајден саркофаг тежок 30 тона

Loading...

Сликите на саркофагот се работени во плиток релјеф и го илустрираат животот на покојникот, а позлатениот материјал од кој е изработен саркофагот треба на покојникот да му помогне полесно „повторно“ да се роди на оној свет. Внатрешната страна на саркофагот е обложена со тенок слој сребро. Златото и среброто во древен Египет симболизирале коски и ткиво на покојникот.

Саркофагот е исклучително сочуван и се наоѓа во центарот на изложбата, а експертите го оценуваат како редок и убав пример на египетската уметност.

Leave a Reply