Драмско студио за млади во Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Сподели со своите пријатели

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово наскоро ќе го добие своето драмско студио за млади кои ќе се обучуваат за актерство.

Loading...

Проектот Центарот за култура ќе го реализира со режисерката Драгана Гунин, која самата дошла на ваква идеја, поттикната од големиот интерес за глума во градот.

– Видовме дека има голем интерес кај младите во Куманово за глума да се развиваат креативно, решивме со режисерката од Куманово, Драгана Гунин да направиме една група на деца, да формираме драмско студио во Центарот за култура и се надеваме дека ќе има пријавени за да може тоа да профункционира. Планираме понатаму тие деца кога ќе се обучат, станат добри актери, да направиме една претстава, така што очекуваме да биде ова еден успешен и интересен проект и децата да можат да се изразат креативно, изјави Сашо Тодоровски, директор на установата.

Заинтересираните ќе можат да се пријават во НУЦК „Трајко Прокопиев“, а режисерката веќе ја има целосната поддршка од установата која за таа цел има обезбедено и простории во кои ќе се вежба.

– Постојано има некои барања зошто не направите некое драмско студио, матична форма, режисерката даде идеа, ние прифативме така што мислам дека ќе биде успешна, ги повикуваме сите дечиња нека се пријават и да го направиме тоа заедно. Во просториите на Центарот за култура ќе вежбаат тука, ќе има различни вежби, актерски карактер, појаснува Тодоровски.

Во драмското студио можат да се приклучат сите на возраст од 13 до 19 години.

Никола Ивановски

Leave a Reply