ДРАМА ВО ВОЗДУХОТ: Се запалил авионот на јапонскиот премиер

Сподели со своите пријатели

Во авионот на јапонската влада што патувал за Тајланд со премиерот Шинзо Абе избувнал мал пожар кој бил брзо изгаснат, соопштија официјалните лица.

Loading...

Пожарот започнал веднаш после 15 часот по локално време во задниот дел на Боинг 777-300ER, додека членовите на екипажот подготвувале оброци во текот на летот и веднаш го изгаснале, јавува новинската агенција Кјодо.

Наводно, никој не е повреден и планот на летот не е сменет.

Авионот со Абе заминал од аеродромот во Токио во 13.41 часот по локално време, за Тајланд, каде што јапонскиот премиер треба да има серија состаноци за време на самитот на АСЕАН.

Патем, овој авион во април го замени „Боинг 747“ што го користеше Владата на Јапонија.

Leave a Reply