Драма во банка во Куманово, интервенираше обезбедувањето и Брза помош (видео)

Сподели со своите пријатели

На интернет порталот special.mk осамна видео од експозитура на една кумановска банка на која се гледа како обезбедувањето се обидува да извелече еден граѓанин надвор.

Што претходело на ваквата драма не е познато, но од она што го пишува порталот, граѓанинот од ромска националност чекајќи ред за да ја прими социјалната помош изгубил трпени и започнал да прави проблеми, кога обезбедувањето се обидело да интервенира настана општ метеж и турканици, со оглед дека истиот не сакаше да ја напушти експозитурата.

Неговата сопруга видно потресена се обидуваше да му помогне, а поради стресот на крајот се онесвестила по што интервенирала и екипа на Итната помош.

Како што додава порталот настанот се случил во понеделник попладне, а на лице место дошле и полициски службеници за да преземат мерки за прекумерна употреба на сила од страна на обезбедувањето, но што конкретно се случило и повеќе официјални детали ќе се обидеме да добиеме во текот на утрешниот ден.

Loading...