Драконска казна за убиецот на малата Тијана Јуриќ

Сподели со своите пријатели

Драган Ѓуриќ, месарот монструм од Сурчин, Србија, кој минатата година на 26 јули ја однесе 15-годишната Тијана Јуриќ во Бајмок, се обиде да ја силува, а потоа ја уби и го погреба телото, денеска во Суботица е осуден на единствена затворска казна од 40 години, јавуваат српските медиуми.

Loading...

Со оглед дека кривичното право во Србија не може да пропише казна подолга од 40 години, во пресметувањето на годините поминати во затвор влегува и казната од 12 години за силување на малата Тијана.

Таткото на Тијана, Игор Јуриќ пред судењето во Вишиот Суд во Суботица изјави дека се надева на максимална казна:

– Искрено се надевам и длабоко верувам дека во понеделник ќе биде донесена праведна одлука и дека  единствена праведна одлука  во овој случај е максимална казна, изјави Јуриќ.

Тијана беше убиена во ноќта помеѓу 25 и 26 јули. Нејзиното тело беше пронајдено 13 дена подоцна на импровизирана депонија која се наоѓа на локалниот пат кој води кон Бајмок.

Ден претходно, полицијата го приведе Драган Ѓуриќ (34) од Сурчин. Тој тогаш призна дека сторил убиство и полицијата ја однесе до местото каде што го закопал безживотното тело на Тијана.

 

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.