Драгана Јовановска од Куманово пееше на фестивал во Белорусија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Единаесетгодишната Драгана Јовановска од Куманово ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал  „Славјански базар“ кој се  одржува во Витебск, Белорусија.

Драгана е избрана од Светската асоцијација на фестивали (WAF), како едно од многуте талентирани деца кои ќe запеат на овој реномиран и светски познат фестивал.

Драгана настапува две вечери. Првата е претставување на сопствената земја, кога настапи со песната „За 100 години“ од Александра Јанева, а втората вечер е вечер на светски хитови и Драгана во оваа вечер ќе ја пее песната „All I ask“  од Адел.

Драгана има само 11 години. Јавноста ја запозна како дел од „Пинковите ѕвездички“, а има настпувано и на повеќе домашни и странски фестивали.

https://www.facebook.com/DraganaJovanovskaOfficialPinkoviZvezdickisezona3/videos/2077153362542686/

Loading...

Leave a Reply