Драган Ступаревиќ – од учен адвокат, до партизан кој загинал за слободно Куманово

Сподели со своите пријатели

Во околината на Ваљево во 1895 година, во учителско семејство се родил Драган. Произлегол од напредна и револуционерна средина Ступаревиќи. Татко му, кој бил учител, учествувал во Заечарската буна во 1875 година.

Loading...

Во 1913 година семејството Ступаревиќи се преселило во Куманово. По звршувањето на гимназијата, Драган станал студент на право. Уште како студент тој започнал да ја чита напредната лтиература, а неколку години престојувал и во Париз. Во 1925 година Драган Ступаревиќ стапил во адвокатскиот ред во Куманово. Во неговата адвокатска канцеларија секогаш имало место за сиромашните, кои тој на судските процеси ги застапувал бесплатно.

Кај него луѓето оделе за да бараат не само правен совет, туку и да му ги доверат своите интимни грижи и проблеми. За нив тој секогаш наоѓал време. Знаеш несебично да проучи и исрекно да ги посоветува и упати луѓето. Затоа тој станал многу ценет и сакан од бедните, незашитени кои честопати не знаел и парично и морално да ги помогне.

Под влијание на професорот Мијалковиќ кој на Драган му бил личен пријател, го оформил својот политички лик, добивајќи целосна физиономија на напреден интелектуалец чие гесло гласело: „За доброто на поробениот народ, кој стенкаше под крвавото ропство“.

Во тие немирни преломни години кога се водела предизворната активност Драган честопати и пеш одел по селата да проведе по неколку часа во разговор со селаните. Умеел многу претпазливо и умешно да разговара и да ја открие душата на селанецот, кој од сите бил ограбуван.

Во 1938 година Ѓорѓи Гарев станал кандидат на листата на опозиционата странка на земјоделската класа, а негов заменик кандидат бил Драган Ступаревиќ. На предизборниот митинг на кој зборувал адвокатот Драган им се обратил на кумановци со следните зборови: „Браќа Македонци, вас ве измамуваат, но не заборавете дека само нешто ново и напредно може да ви донесе слобода“.

Loading...

Заради својата активност и прогресивниот став повеќе од 30 комунисти и напредни луѓе му биле интернирани во Ивањица. Меѓу нив биле Панче Пешев, Димче Еребица, Драган Ступаревиќ и други.

На 27 март 1941 година, интернираниот Драган бил солободен од логорот. По директива на Партијата, Драган се јавил на воена вежба прифаќајќи го со тоа прогласот за мобилизација на сите комунисти. Набргу на 6 април 1941 година, Драган бил зарбоен во Страцин и одведен повторно во логор во основното училиште во Куманово. Но, партијата се заземала и го ослободила. Тој се префрлил во Србија каде земал учество во вооруженото востание. Извршувајќи ги ревносно задачите што му биле поставени од Партијата, борејќи се за она што со години го осмислувал, за што систематски се подготвувал и тежнеел, Драган Ступаревиќ го дал и својот живот во 1941 година. Бил стрелан од окупаторот.

На граѓаните од Куманово, Драган им оставил обврски да се сеќаваат на човекот кој им се обраќал со „Браќа Македонци…“ и кој им бил вистински брат. Затоа во знак на сеќавање и благодарност за она што го направил, му била одадена почит така што уште во 1964 година по него била именувана и улица во Куманово, кај сите позната како улица „Драган Стопаревиќ“.

Пишува: Љубинка Крстевска
Извор: „Наш весник“ број 75 (вторник, 1. декември 1964. година)
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш Весник“

Leave a Reply