Драган Цветковски се уште исчезнат без трага!

Сподели со своите пријатели

На 19ти Декември во 13:30 на Драган Цветковски од Куманово му се губи секаков траг. Поради здравствената состојба, Драган ретко се оддалечува од дома, се до моментот кога исчезнува без никаков траг.

Семејството на Драган на секој можен начин се обидува да го најде. Се организира акција на социјалните мрежи со цел да се рашири оваа немила вест и со надеж дека можеби некој го видел/ќе го види и Драган ке се врати кај своите најблиски. Се организираат акции од семејството на Драган во кои граѓани на Куманово доброволно учествуваат во потрага на Цветковски. Се јавуваат неколку граѓани според кои Драган е виден на различни локации во Куманово.

Надежта на семејството дека Цветковски повторно ке бидне со нив расте. Деталните пребарувања на пријавените локации, повторно од страна на семејството и најблиските, завршуваат без никаков резултат.

Семејството на Драган, избезумено и исплашено, се обраќа на кумановската полиција за помош при потрагата, меѓутоа доприносот на полицијата во потрагата е минимален и без резултати, велат роднините на Цветковски.

Семејството истовремено бара од полицијата да се прегледаат јавните камери во Куманово, повторно со надеж дека Цветковски ке биде пронајден, на што наидуваат на ѕид. Полицијата се оградува образложувајќи им на членовите на семејството дека немаат надлежност над снимките. Индиферентноста на кумановската полиција го тера семејството да се обрати кон повисоките установи, додека волонтерските акции за потрага на Драган организирани од страна на семејството и блиските пријатели продолжуваат.

Семејството тогаш се упатува во МВР во Скопје каде што се здобива со информации дека за да се прегледаат камерите во Куманово, надлежна е всушност кумановската полиција и суд, истата полиција која што претходно ги одбива. По овие информации, семејството ги поднесува сите молби, барања и налози за прегледување на камерите, меѓутоа и покрај сите напори, истрајноста и вербата на семејството, камерите не се прегледуваат. Драган не е пронајден.

ЗОШТО НАДЛЕЖНИТЕ НЕ САКААТ ДА ОДГОВОРАТ НА БАРАЊАТА? ЗОШТО КАМЕРИТЕ НЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВААТ? ДАЛИ ВООПШТО КАМЕРИТЕ РАБОТАТ? ЗОШТО НАДЛЕЖНИТЕ ИЗБЕГНУВААТ ДА ПРЕВЗЕМАТ ОДГОВОРНОСТ КОН РЕШАВАЊЕ НА ОВОЈ СЛУЧАЈ? – прашуваат од семејството.

Семејството на исчезнатиот Драган Цветковски после агонијата кога трае повеќе од 7 дена, бара камерите да бидат прегледани, а доколку истите не работат, да се поправат за вакво нешто да не се случи пак.