Дознал дека ќе биде татко на тројки па го воодушеви светот со својата реакција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Моментот во кој мажите и жените дознаваат дека ќе станат родители е незаборавен. Предизвикува вртлог на емоции кај повеќето луѓе, вклучувајќи го и човекот кој штотуку дозна дека ќе стане татко на не едно или две, туку на три бебиња.

Loading...

Корисникот на Тикток @Shari_lea_plus_3 објави видео во кое влегува во автомобилот во кој нејзиниот сопруг ја чека по лекарски преглед.

„Му реков на сопругот дека ќе добиеме тројка“, напиша таа во описот на видеото што е прегледано повеќе од 9 милиони пати.

Таа на сопругот му подарила фотографија од ултразвукот, на што тој праша: „Што гледам?“

Таа објаснува: „Еден, два, три“.

Тој со широко отворена уста вели: „Што? Дали носиш тројки?”

Потоа, тој прснува од смеа и се обидува да ги обработи среќните вести. Ги брише солзите и со неверување повторува: „Што?! Чекај, почекај, почекај. Овие се тројки”.

Идната мајка подоцна откри дека и двајцата плачеле од среќа и дека сега е бремена во 16 недела.

Loading...

„Отпрвин не ми беше грижа кога слушнав дека носам тројки, но сега сум пресреќна. Бев во шок. Ми требаше малку време да ги обработувам вестите”, објасни таа, како што пренесува Newsweek.

Леа и нејзиниот партнер ќе станат родители на две девојчиња и момче.

 

@shari_lea_plus_3Telling my husband we’re having #triplets #tripletsoftiktok #tripletpregnancy #fyp #pregnancyannouncement #shocked #itstriplets

♬ original sound – user5765083534353

Leave a Reply