Дожд на Арктикот ќе го замени снегот порано од очекуваното

Сподели со своите пријатели

Дождот може да ги замени снежните врнежи на Арктикот неколку децении порано од што се мислеше, покажа студија, предупредувајќи дека промената предизвикана од глобалното затоплување може да има последици надвор од регионот.

Loading...

Арктикот се загрева многу побрзо од остатокот на планетата, морскиот мраз се топи што додава влага во воздухот, што веројатно ќе ги зголеми врнежите.

Споредувајќи ги најновите проекции со претходните климатски модели, студијата објавена во научното списание Nature Communications проценува дека преминот од врнежи во кои доминираат снежните врнежи до оние со доминирани дождови ќе дојде „една или две децении порано“, пишува Хина.

 

 

„Промените ќе бидат посериозни и ќе се случат многу порано од предвиденото и на тој начин ќе имаат големи импликации за животот на Арктикот и пошироко“, рече водечкиот автор на студијата Мишел Мекристал за АФП.

„На пример, наесен, кога се случуваат најголемите промени, централниот Арктик би можел да премине (од снежни врнежи на дожд) околу 2070 година, според најновата серија модели, во споредба со 2090 година во претходниот сет“, додаде Меккристал, научник од Универзитетот во Манитоба.

Loading...

Но, се зависи од степенот на глобалното затоплување.

„Исполнете ги намерите за намалување на емисиите“

Со сегашното темпо на затоплување, дождот би можел да преовладува над снегот на Арктикот пред крајот на векот, се вели во студијата.

Според таа студија, со ограничување на затоплувањето до 1,5 степени Целзиусови, што е најамбициозна цел на Парискиот климатски договор од 2015 година, снегот сепак би доминирал на Арктикот.

Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА, рече дека резултатите „имплицираат дека најлошите последици може да се избегнат доколку земјите ги исполнат своите намери да ги намалат емисиите според Парискиот договор“.

 

 

Loading...

Но, Шмит додаде дека верува оти студијата не докажува дека промената ќе дојде порано од очекуваното.

Кога и да се случи, транзицијата од снег на дожд веројатно ќе има големи ефекти врз арктичкиот екосистем и пошироко.

Повеќе дожд со постоечката снежна покривка може да резултира со зголемување на површинскиот мраз што ќе го оневозможи ирвасите да бараат храна.

Помалата снежна покривка би значела дека Арктикот ќе изгуби дел од способноста да ја одбие сончевата топлина и светлина од површината на земјата и тоа би придонело за затоплување.