Дожд и грмотевици во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневните температури ширум земјата ќе се движат од 30 до 35 степени целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време во претпладневните часови, а попладне не очекува зголемување на болачноста која ќе донесе нестабилност со грмежи и врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен северен, односно северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 30 степени целзиусови, која во вечерните часови ќе се спушти на 17 степени, за кога исто така синоптичарите најавуваат врнежи од дожд и грмотевици.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник кон крајот на денот и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...