Дожд, грмотевици и ветер до 70 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде умерено облачно, попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималните температури ќе се движат од 6 до 13, а дневната највисока температура на воздухот ќе бидепониска за неколку степени и ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Куманово и околината слично време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови, а од страна на Националниот метеоролошки институт издадено е жолто предупредување за силен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен.

И утре ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70км/час. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа од четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд.