Дотраена инсталација причина за пожарот во СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Дотраена инсталација е прчина за пожарот кој утринава во 08:05 часот избувнал во просториите на Секторот за внатрешни работи Куманово, информираат од МВР.

Пожарот избувнал во Одделот за аналитика при СВР Куманово, а од увидот е констатирано дека причина е дотраена инсталација која довела до спој на термопечка, велат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Висината на материјалната штета, како и што изгорело во пожарот дополнително ќе се утврдува, додаваат од полицијата.