Доставувачот го фрли пакетот и ја повреди пензионерката удирајќи ја со кутија по лицето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пензионерка од Есекс добила модринка на окото откако доставувач фрлил пакет преку ограда и ја удрил во лицето.

Loading...

Марсија Харт (78), поранешна адвокатка, читала во заедничка градина кога доставувачот ја прашал дали може да потпише пакет за нејзините соседи. Таа одговорила дека не може бидејќи не ги познава, но доставувачот потоа го фрлил пакетот.

Според снимките од надзорните камери,  се гледа како човекот гледа наоколу пред да фрли пакет што ја  удри Харт во лицето. Таа рече дека пакетот влетал токму кога сакала да стане и да разговара со доставувачот, пишува Daily Mail.

„Заѕвони и тоа ме изнервира, па се обидов да му објаснам дека не ги познавам соседите“, рекла таа и додаде дека доставувачот бил фрустриран.

„Бев шокирана и згрозена“, рече таа за ударот со пакет кој, како што додаде, не беше премногу тежок, но сепак и оставил модринка и ја натерал да почувствува чувство на печење во пределот на очите.

За инцидентот се огласи и ДПД, фирмата за која работи курирот.

– Однесувањето на нашиот возач овде е непростливо и целосно неприфатливо. Водиме истрага и ќе преземеме соодветни мерки. Ќе му се извиниме и на засегнатото лице – изјави нивниот портпарол.

 

Loading...