Дошол од село во град, го паркирал автомобилот, па цели три недели не можел да најде каде го оставил…

Сподели со своите пријатели

Германец од градот Бентхајм, на северо-запад од таа земја, недалеку од границата со Холандија, не навикнат на големиот град, имал доста проблеми да го најде својот автомобил, со кој дошол.

Loading...

62-годишникот дошол во Оснабрик, град со 165.000 жители, на почетокот на февруари на деловна средба и го оставил својот автомобил во катна гаража.

 

 

Сепак, тој не ја зел паркинг картичката на влезот во гаражата, бидејќи издавачот на картички не работел правилно, па рампата на влезот била подигната.

И бидејќи не ја зел картичката, тој останал без името и адресата на јавната гаража. Освен што знаел дека гаражата не е далеку од центарот на градот, по деловниот состанок, тој воопшто не можел да се сети каде паркирал.

 

Loading...

 

Цели три недели сопственикот на автомобилот и неговата ќерка ги пребарувале јавните гаражи, од кои има само 15 во центарот на градот, како и паркинзи и околните улици.

Очајниот Германец, на крајот, се обратил до медиумите за помош. Набргу потоа, жител на Оснабрик пријавил дека го нашол нивниот автомобил, кој бил оставен во гаражата на хотел во центарот на градот.

Leave a Reply