Досетливи сириски војници отруле борци на ИСИС глумејќи готвачи

Сподели со своите пријатели

Најмалку 45 борци на милитантната група ИСИС се убиени со отровна храна откако по рамазанскиот ифтар почуствувале силни болки кои резултирале со смрт.

Loading...

Според извештаите, се работи за 140 борци кои седнале да вечераат за време на ифтар во Мосул, Ирак. Портпаролот на Курдската Демократска партија вели дека се уште е нејасно дали борците намерно се отруени, или се работи за храна со поминат рок.

Од друга страна, според фотографиите кои ги постираат борците на ИСИС се гледа како тие уживаат во вистинска гозба, на сметка на останатите кои речиси умираат од глад секој ден.

На една од сликите постирани од градот Рака во Сирија, се гледа како илјадници млади момчиња и жени се редат во редици за да добијат вода и нешто храна на високите температури,

 

 

 

Loading...

Меѓутоа, борците на ИСИС не страдаат од такви проблеми, судејќи според постираните слики од нив, на кои се види како борците седат на ифтар со богато наместена маса, каде меѓу храната ги положуваат нивните автоматски пушки.

Слично труење на борците на ИСИС се случи минатата година во ноември, кога борците на сириската армија се провлекле во кампот на ИСИС облечени како готвачи, и отруја поголем број од борците.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.