Дополнителните сили на ТППЕ Куманово се ставаат на располагање во Кокино

Сподели со своите пријатели

Сите дополнителни сили на Територијалната противпожарна единица Куманово се ставаат на располагање на соседната општина Старо Нагоричане со цел справување со пожарот во селото Кокино, ова е одлуката по денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Loading...

Како што рече градоначалникот Максим Димитриевски на вонредната прес конференција, веќе 36 часа кумановските пожарникари интервенираат во соседната општина на локацијата Малотино, но и во липковските села Ваксинце и Матејче.

– Заклучокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување е дополнителните сили кои ги имаме на располагање во овој момент на Територијалната противпожарна единица Куманово да се стават на испомош на соседната општина Старо Нагоричане за справување со состојбата во Кокино, а воедно и силите на ЈП „Чистота и зеленило“ која врши контиуниран дотур на вода со свои цистерни на овие локации и дава директна помош на самите противпожарни екипи, изјави Димитриевски.

Општина Куманово, вели Димитриевски, на располагање има резервни сили за гасење пожари на отворено составени од вработени во јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ и доколку има потреба ќе бидат ангажирани.

 

Изгорени куќи, штали, опустошени стотици хектари шума во Куманово и Североистокот (ФОТО)

 

– Нашиот приоритет е да делуваме на територијата на Општина Куманово, но во секој момент сме подготвени да дадеме испомош на општините од регионот дали по нивно барање или по барање на Централниот кризен штаб, рече тој.

Loading...

Двајца од пожарникарите вчера побарале лекарска помош, откако се здобиле со помали повреди и се упатени на домашно лекување, но ТППЕ Куманово, вели градоначалникот функционира непречено.

– Противпожарната екипа во Куманово функционира непречено и нивната бројка ќе биде надокнадена. Општина Куманово располага со 47 пожарникари, врвни професионалци кои многу совесно ја вршат својата работа, таква е професијата, не е едноставно да се справувате со огин особено со пожар на отворен простор и не можете да знаете во кој момент од која страна ве демне огинот, но како и да е се надевам дека истите многу брзо ќе бидат вратени на работа, изјави Димитриевски.

 

Инаку пожарот во атарот на селото Кокино е сѐ уште активен и е еден од најкритичните во целата држава.

Никола Ивановски

Leave a Reply