Донесена одлука за формирање Младински центар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Младински центар ќе добие Куманово, односно место каде младите од градот ќе имаат можност заеднички да творат без разлика на нивната етничка, верска, политичка или културна припадност.

Loading...

– Со денешната одлука за формирање на Младински центар во Куманово, формираме центар со кој ќе раководат младинските организации од нашиот град, со заедничка цел, без разлика на политичка верска или било која друга поделба сите заеднички ќе работат во духот на мултиетничноста и во духот на подобар и побогат живот на младите во нашиот град, изјави Соња Тодоровска, советничка од СДСМ.

Одлуката денеска едногласно ја донесоа членовите на Советот на Општина Куманово.

– Денеска е усвоен младинскиот совет, едногласно со поддршка на сите советници без разлика на која политичка опција припаѓаме и горда сум што сум дел од овој совет што донесовме една таква организација во која младите од Куманово без разлика на верска, политичка и етничка припадност ќе бидат заедно, ќе творат и ќе градат за поубаво општество во Куманово, изјави Слаѓана Ѓорѓиевска, советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Куманово е првиот град кој започна со имплементирање на младинските политики во општествениот живот.

Никола Ивановски