Донација од мед и прополис за кумановските здравствени работници

Сподели со своите пријатели

Пчеларите од здружението „Пчела” од Куманово собраа мед и прополис и го донираа на здравствените работници од Куманово, по повод 7 април Меѓународниот ден на здравјето.

Loading...

– Во акцијата собрани се 120 килограми мед и триесетина прополиси. На овој начин сакаме да им се одолжиме на здравствените работници, првите борци со коронавирусот, изјави претседателот на здружението Горан Митевски.

За донацијата е конатктирано со Oпштинскиот кризен штаб и со кумановската болница. Собраните количини мед и прополис веќе се доставени до здравствените установи

МИА

Leave a Reply