Домашни и странски компании заинтересирани за инвестирање во Новине и Речица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Домашни и странски компании се заинтересирани за инвестирање во индустриската зона Новине и Речица во Куманово, вели градоначалникот Максим Димитриевски кој со дел од нив изминатата недела оствари виртуелен состанок на кој беа презентирани можностите што ги нуди оваа зона.

Loading...

Како што вели Димитриевски, заеднички со помош на Владата изградена е пристапната инфраструктура и атмосферска канализација.

 

 

Планот бил дел од парцелите да се пуштат на јавна лицитација минатата година, но тоа го спречила ковид кризата.

– Оваа индустриска зона има голем капацитет бидејќи се простира на површина од некаде 67 хектари. На неа има повеќе од 50 парцели на коишто може да се врши градба, лесна и незагадувачка индустрија Г2, со компатибилни содржини. Има неколку локации за изградба на мали трговски единици и шопинг центри и хотелски капацитети, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

На презентацијата, вели градоначалникот, имало доста брашања од страна на потенцијални инвеститори, а интерес пројавиле како домашни, така и странски компании.

Како што појасни Димитриевски, урбанистичкиот план е донесен пред десетина години за оваа зона, но тогашната влада го одзела од општината и биле продадени неколку локации. Сега зоната е повторно вратена на Општина Куманово, која се обидува да ги привлече инвеститорите.

Никола Ивановски

Leave a Reply