Долгот на Општина Куманово изнесува 17 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово е една од најзадолжените во држава. Со долг од 17 милиони евра и блокирана сметка локалната самоуправа не може да реализира поголеми капитални проекти.

Токму поради таа причина општината не може да добие кредит преку Министерството за локална сампуоправа преку проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка.

– Долот се менува, бруто долгот, не само на општината туку и обврските, долгови и загуби на јавните претпријатија се движи околу 17 милиони евра, рече градоначалникот Димитриевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали општината поднела проект за градинка преку оваа програма, градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека за неа не е изготвена проектна документација, па апликација била испратена за инфраструктурни проекти за изведба на канализациона инфраструктура.

– Бидејќи се уште не е изготвен проектот знаете, дека имаме распишано постапка и изготвуваме Локално-планска урбанистичка документација со која ќе се подели градежната парцела и врз база на која дури следната година ќе биде распишан проект за проектирање на самата детска градинка и ќе аплицираме со тој проект. Ние имаме други готови инфраструктурни проекти кои би сакале да ги искористиме и да аплицираме на овој проект. Се надевам дека ќе успееме, изјави Димитриевски.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, Куманово е една од општините со сериозни неплатени обврски.

– Ние на централно ниво во моментов сме во фаза на анализи и размислување за тоа како би можеле да им помогнеме на општините како Куманово, кои за нас се многу важни, бидејќи локалниот развој е оној кој треба да го движи економскиот развој во Македонија, изјави Тевдовски.

Општина Куманово моментално работи со задолжителна резерва од 37 милиони денари на месечно ниво, каде спаѓаат платите за вработените. Во меѓувреме поднесено е барање до судот да ја зголеми задолжителната резерва со цел општината да може да остварува и покрупни проекти.

Leave a Reply