Доколку одите на летување во Хрватска, внимавајте на овие казни!

Сподели со своите пријатели

Како што и претходно најавуваше, хрватскиот градоначалник Рикардо Новак сега го исполнува своето ветување дека ќе ги направи попристојни туристите, па ќе стави крај на голотијата во својот град, пренесува РТЛ.

На влезот во Хвар овој викенд осамна табла со предупредување на гостите и казни кои ги очекуваат во случај на непристојно однесување.

Кој се шета во костим за капење по градските улици ќе плати казна до 600 евра, жените во горниот дел од костим за капење и мажите со голо торзо до 500 евра, додека оној кој се ниша со шише во рака или пијал лежи на улица до 700 евра.

Градоначалникот на Хвар неодамна ги прозва британските туристи поради пијанчење и голотија.

Повраќаат по градот, уринираат на секој агол, одат без мајци, спијат на градски површин и не знаат за себе – рекол Новак.

Тој смета дека има свои граници. Така, според негово мислење, угостителите не би требало да примаат голи гости во своите објекти и да престанат да им точат алкохол кога ќе забележат дека испиле премногу.

Новак рекол дека Хвар не сака да биде „парти“ дестинација, додава дека младите туристи се добредојдени, но мора да научат како да се однесуваат.